Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија извлече реми во Солун со гол во последниот напад

Објавено

на

Македонија денеска го одигра првиот од двата планирани тест натпревари против селекцијата на Грција, а воведната пресметка донесе доста интересни моменти и инфаркт завршница.

Избраниците на Кирил Лазаров беа далеку подобри во првиот дел и го контролираа водството во текот на сите 30 минути, па иако во еден момент водеа и со плус пет, на пауза заминаа со плус три (12:15).

Македонија ја одржуваше оваа позитива и по десет минути игра во вториот дел, но Грците имаат подобро затворање во завршните 20 минути и на крајот беа поблиску до победата.

Домашната селекција направи пресврт и со мала помош на судиите првпат поведе со 25:23, па со 29:28 се влезе и во последниот напад во кој Костески спречи славје на Грците.

Македонското крило погоди во последната акција за 29:29, а претходно погоди и Пешевски кој исто така постигна важен гол во ситуација кога Грците водеа со плус два во самата завршница.

Вториот пријателски натпревар меѓу Грција и Македонија се игра утре со почеток во 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни