Македонија загуби големи луѓе: Под нивните нозе паднаа голем број врвови, но последниот беше кобен (Видео)

kajmakcalan1

35-годишниот Александар Миновски, заедно со Калина Велевска кои загинаа на Кајмакчалан вчера во страшна несреќа, ќе останат запаметени меѓу своите најблиски по својата страст кон планинарењето и по тоа што освоија многу планински пространства и врвови, не само во Македонија, туку и низ Европа.

Целата несреќна ситуација се случила кога заталкале во невремето кое ја зафатило групата од 50 алпинисти што се искачувала во областа Агиос Атанасиос. Инаку станувало збор за организирана група на планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје, чија цел биле врвовите Кајмакчалан (2.528 метри надморска височина) и Кравица (1.682 метри надморска височина).

Експедицијата која го искачувала врвот против себе имала ветер од сериозни размери со 150 километри на час и температура од минус 20 степени. Според снимката која беше споделена на социјалните мрежи дефинитивно имало радикални и исклучително тешки услови за искачувањето на планината, а тоа за жал се покажа како кобно за двајцата алпинисти кои се издвоиле од групата.

 

#150kmph #minus20C #GodHelpUs

A post shared by Vlado Bosnjakovski (@vlado_ftw) on

Вчера доцна излези и снимката од извлекувањето на безживотните тела на македонските планинари.

Редакцијата на ,,Дерби” сочуствува со нивните најблиски. Македонија изгуби големи и прекрасни луѓе кои под нивните нозе имаа освоено голем број на планински врвови.

Facebook Коментари