Македонија има ракометна надеж: Кадетките на Вардар се вратија со бронза од Хрватска

Vardarki kadetki

Кадетките на Вардар нижат успеси на меѓународните турнири. Овој пат, вардарки во Хрватска се закитија со бронза. Вардаровите девојки се натпреваруваа во постарата возрасна категорија, родени 2000 година и успеаја да се изборат за третото место, откако во полуфиналето изгубија од екипата на Метковиќ со 18-20. Во натпреварот за трето место избраничките на Марија Папуџиева играа со Катарина Мостар, и покажаа дека независно на возраста, се посилниот тим. Иако иницијативата на почетокот од натпреварот беше кај противникот, по израмнувањето на резултатот на 6-6 поминавме во водство и постепено создадовме предност која противникот не успеа да ја надомести. На пауза заминавме со предност од 12-8, а до крајот на натпреварот победивме со 24-19.  Две ракометарки на Вардар  Стефанија Ѓорѓиевска и Андреа Седлоска беа избрани во најдобриот тим во категоријата родени 2000 година. а пионерката, левиот бек Бојана Коцева влезе во најдобриот тим во категоријата родени 2004 година.

Исто така на турнирот настапија и пионерките на Вардар кои не успеаа да се закитат со медал.

Facebook Коментари