Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија и Србија ремизираа и на вториот контролен натпревар

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 17 години ремизираше со Србија и на вториот контролен меч што се одигра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Како пред два дена така и денеска мрежите мируваа, поточно стрелците беа нерасположени.  Ние имавме шанси преку Гуџуфи, Јаневски и Шуку, додека пак гостите од Србија дадоа гол во второто полувреме, ама истиот оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Македонија: 12. Васко Василев, 2. Никола Павлески, 3. Марко Ристов, 4. Бленд Зекири, 5. Енис Буки, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 14. Мирче Стоилов, 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драги Канатларовски.

Замени: 1. Стефан Тасев, 8. Матеј Ѓоргиев, 9. Левент Ибраим, 11. Матеј Ѓурчиновски, 13. Христијан Поп Антоски, 15. Борјан Попоски, 17. Марко Тренески, 18. Љорик Каба;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни