Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија и Ерменија ќе одиграат пријателски меч во Струмица

Објавено

на

Македонија и Ерменија ќе одиграат пријателски меч во Струмица, потврди нашата фудбалска федерација.

Ова е дуел кој ќе се одигра на 17. октомври од 15 часот на стадионот „Благој Истатов“. Со ова нашиот национален тим ќе има два предизвици во наредниот „прозорец“ резервиран за репрезентациите, поточно прво ќе и гостуваме на Украина во рамките на квалификациите за Европското првенство (14 октомври), а потоа ќе дојде овој тест со Ерменците.

Се работи за ривал со кого се имаме соочено 12 пати и имаме поволен учинок, Македонија има 5 победу, 3 меча завршиле без победник, додека Ерменија не совладала во 3 наврати.

Во последното соочување во 2021 година доживеавме тежок пораз во Ереван од 5-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни