Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија го скрши отпорот на Данска дури по продолжение во Гевгелија

Објавено

на

Фото: https://www.fiba.basketball

Македонската кошаркарска репрезентација мораше да игра продолжение, за да стигне до победа (74:71) над незгодната Данска во претквалификациите за Европското првенство.

Гостите постојано беа во водство на дуелот во Гевгелија, избраниците на Александар Јончевски не се откажуваа и покрај постојаната негатива, а на крајот тоа донесе драматична победа по дополнителни пет минути игра.

По првиот период Данска имаше плус шест, на полувреме плус пет, а во решавачките минути се исплатеше упорноста на најдобрите македонски кошаркари, кои предводени од Ти-Џеј Шортс се изборија за 64:64 и продолжение.

Во него Македонија прва наметна резултатска предност, а најава за победата беа трите слободни фрлања на Шортс кој донесе водство од 72:70. Помогна и промашувањето на едно слободно фрлање на Зохоре на спротивната страна, па нашата репрезентација стигна до четвртата победа и најдобра позиција во групата.

Шортс со 33 поени беше убедливо најдобар поентер, а го следеа Ѓуроски со 11 и Стојановски со 10 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни