Европски првенства
Македонија го победи светскиот шампион Данска на селекторското деби на Лазаров
Македонската ракометна репрезентација успеа да го победи светскиот шампион Данска (33:29) и тоа на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров.
Данците влегоа како фаворити на натпреварот во Скопје во рамките на квалификациите за Европското првенство, но Македонија почна да диктира темпо, постојано имаше водство и на полувреме замина со предност 17:13.
Предводени од селекторот Лазаров на теренот, нашите репрезентативци во ниту еден момент не и дозволија на Данска да фати резултатски приклучок, а во еден момент имавме предност и од осум голови (25:17).
Враќањето на Филип Миркуловски и одличната игра на сите останати репрезентативци ја потврдија големата победа над Данците (33:29), по што го преземавме и првото место во квалификациската група.
Манасков, Талески и Кузмановски со по 5 голови беа најефикасни во нашиот состав, Лазаров и Стоилов постигнаа по 4, додека Миркуловски го одбележа камбекот со 3 голови.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…