Македонија го отвори ЕХФ шампионатот со убедлива победа над В. Британија

makedonija-britanija

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години го започна настапот на ЕХФ шампионатот во Скопје, со убедлива победа над Велика Британија изразена со резултат 32:15.

Британците имаа предност само до почетните 3:1, по што нашите ракометни надежи ја преземаа контролата на резултатот и до крајот на полувремето водеа со 15:5.

Избраниците на Данило Брестовац до крајот стигнаа до убедлива победа од 32:15 за прва и сигурна победа на турнирот кој се игра во Скопје и на кој првото место обезбедува пласман на следното ЕП во оваа конкуренција. Најефикасни во нашата репрезентација беа Шилегов со 8 и Димитриоски со 6 погодоци.

Следен противник на Македонија во групата Б е Италија на 23. јули.

Facebook Коментари