Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија го освои првиот бод на Европско првенство после 16 години

Објавено

на

Поразот од Шведска беше очекуван на стартот на Европското првенство, но избраничките на Грчевски се покажаа во далеку подобро светло вечерва, бидејќи на натпреврот против Турција се изборија за првиот бод на континенталните собири по пауза од 16 години.

Најдобрата женска македонска репрезентација одиграа меч со подеми и падови, но по крајот на овој меч ќе има и зошто да жалиме, бидејќи нашите девојки анулираа негатива од пет гола на стартот на вториот дел и стигнаа до позитива од плус два.

На 15 минути пред крајот, Македонија стигна до серија од 5:0 и израмни на 20:20, но извонредната низа не застана тука и постигнавме уште два гола.

Вкупната серија од 7:0 целосно го сврте натпреварот во наша корист, меѓутоа Турчинките ја прекинаа црната серија и успеаја да се вратат со два брзи гола.

Од тој момент, се играше гол за гол и се менуваше предноста во последните 10 минути, со тоа што Македонија го постигна последниот гол на натпреварот за конечни 25:25.

Сара Ристовска со осум погодоци беше најдобар ракометарка и го доби МВП признанието, додека Јована Мицевска запиша седум одбрани.

И покрај освоениот бод, Македонија има само теорија за пласман во следната рунда, особено поради фактот што во третото коло играме против Унгарија која вечерва славеше над Шведска со 32:25.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни