Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ЃП и Шкупи со мирољубиво реми, Шкендија во финишот се спаси од пораз против Струга

Објавено

на

Денеска на програмата беа преостанатите пет натпревари од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Вниманието на фудбалската јавност во Македонија беше свртено кон натпреварот во Ѓорче каде домашната Македонија ЃП го пречека тимот на Шкупи во дерби средбата од ова коло.

Двете екипи кои се при самиот врв на табелата одиграа мирољубиво реми без погодоци пропуштајќи прилика со победа кој и да е тим да се искачи на врвот на првенствената табела.

Екипата на Шкендија киксираше на гостувањето во Струга каде во финишот се спаси од пораз против тимот на Струга Трим и Лум. Домашниот тим имаше предност уште од 12. минута кога Ристевски го отвори резултатот.

Конечниот резултат го постави Бесарт Ибраими со гол постигнат во 83. минута од натпреварот. Со ова реми и двете екипи остануваат на позициите кои ги држеа и пред натпреварот, Шкеднија како лидер, додека Струга Трим и Лум на четвртата позиција.

Се чини дека Беласица полека фаќа ритам, па сега останува и четврт натпревар по ред без пораз откако ремизираше со 2:2 во екстра возбудлив натпревар против Работнички. Тимот на Ренова со нов тренер конечно стигна до победа од 1:0 против Борец, додека пак Силекс ја продолжи мрачната серија на Пелистер совладувајќи го битолскиот претставник со 2:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни