Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ЃП го претстави првото летно засилување и го „врза“ капитенот Адем

Објавено

на

Foto: Facebook/ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Македонија Ѓорче Петров ја освои титулата во домашниот Куп и на одличен начин го заокружи вториот дел од сезоната, а сега во новата ќе има доста големи амбиции и тоа го покажува со својата раздвиженост.

Клубот од Ѓорче Петров новата седмица ја започна доста активно, односно овој понеделник го претстави првото летно засилување, но истовремено го врза и најдобриот играч.

Нов играч на „лавовите“ е Христијан Пецов кој игра како дефанзивец, а кој во Ѓорче Петров пристигнува од редовите на Скопје. Претходно во својата кариера има настапувано и за Работнички.

По оваа вест, Македонија информираше дека е продолжен договорот и со лидерот на теренеот и соблекувалната, капитенот Ермедин Адем.

– Нема пречки меѓу мене и клубот што го сакам, останувам и ветувам нови успеси, – порача Адем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни