Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ЃП донесе стопер од Црна Гора, го врати и Костовски

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден ги започна подготовките за новата сезона во која на тренерот Александар Таневски ќе му помагаат Мухамед Бајрами и Мане Манев.

Денеска клубот од западната скопска населба ги промовираше први две засилувања за новата сезона, а тоа се Балша Бановиќ и Кристијан Костовски.

Бановиќ има 23 година и доаѓа од Црнга Гора од редовите на Дечиќ Тузи. Тој настапува на стоперската позиција и ќе треба да донесе стабилност во дефанзивната линија.

Во Ѓорче пак се врати офанзивецот Костовски кој во изминатиов период настапуваше за Тиквеш и претходно за Силекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни