Поврзете се со нас

Македонија

Македонија ЃП доби нов напаѓач: Се враќам во клубот каде што почнав, ќе се трудам да постигнам што повеќе голови!

Објавено

на

Македонскиот прволигаш, Македонија Ѓорче Петров претстави уште едно ново име за престојната кампања 2022/2023.

„Лавовите“ добија нов напаѓач кој дојде од редовите на Струга Трим Љум, а тоа е 22-годишнио Емир Скендери.

-После многу години се враќам во клубот каде што почнав и едвај чекам да дебитирам во првиот тим, посакувам и ќе се трудам да постигнам што повеќе голови, -порача Емир.

Претходно во Ѓорче Петров пристигна двоецот од Ренова, Фисник Зука и Џон Еди Мена Перез како и Христијан Пецов, Бојан Илиевски и Александар Ѓорѓиески.

Само за потсетување ѓорчепетровци ќе не преставуваат во Конференциската лига каде за ривал во второто квалификациско коло ќе ја имаат ЦСКА од Софија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни