Поврзете се со нас

Македонија

Македонија Ѓорче Петров оди на пауза како есенски шампион во Втората лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

Македонија Ѓорче Петров сосема заслужено е есенски шампион во Втората македонска фудаблска лига, статус кој само го завери со денешната победа против Беласица.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров фатија залет и стигнаа до петтата последователна победа во второлигашка конкуренција, а во прилог им оди и денешниот пораз на Брегалница кој значи дека Македонија оди со поубедлива предност на зимска пауза.

Победата од 0:4 против Беласица е двојно подобра поради поразот на Брегалница од Башкими (2:1), а токму овие два тима се оние кој ги пратат „лавовите“ на првенствената табела.

Брегалница сега има пет бода повеќе од лидерот во пресрет на паузата која следи, додека Башкими со денешниот тримф остана на минус шест.

ВМФЛ резултати:
Арсими – Вардар Неготино 5:1
Башкими – Брегалница 2:1
Беласица – Македонија ЃП 0:4
Охрид – Борец 4:1
Победа – Детонит Плачковица 0:0
Новаци – Кожуф 0:0
Каменица Саса – Скопје 1:1
Вардарски – Осогово 2:1

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни