Македонија Ѓ.П и Струга брзо реализираа, па се задоволија со по еден бод

Makedonija-Struga

Првиот натпревар од седумнаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига донесе реми меѓу Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим-Лум (1:1), по што и двете екипи остануваат со исти бодови на табелата.

Головите беа постигнати рано, Османи донесе предност за гостите од Струга уште во првата минута, а седум минути подоцна Јашароски израмни и фактички ги постави конечните 1:1.

Македонија и Струга имаат по 23 бодови и засега се на делба на четвртото место.

Facebook Коментари