Поврзете се со нас

Македонија

Македонија Ѓ.П спаси бод против Ренова, Шкендија со најубедлива победа

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров израмни во финишот на дербито со Ренова (1:1), а Шкендија беше најубедлива во дуелот со Борец (3:0), постигнувајќи половина од денешното неефикасно коло во Првата македонска фудбалска лига.

Серафимовски во 56. минута донесе водство за Ренова во Скопје, додека израмнувањето дојде во 87. минута, кога Адем реализираше пенал за реми на Македонија и Ренова.

Шкендија рутински го совлада Борец со 3:0, а стрелци на головите беа Дориев и Гури (2), со што тетовци се искачија на петтото место на табелата.

Брегалница ја победи Струга со 1:0. Единствениот гол на средбата го постигнал Алтипармаковски во 5. минута, а за стружани ова е трет натпревар по ред без победа во првенството.

Погодоци немаше на дуелите Скопје-Академија Пандев и Пелистер-Тиквеш.

Табела: Ренова 18, Шкупи 17 (-1), А. Пандев 15, Работнички 15 (-1)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни