Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ги избегна најтешките два ривали во претквалификациите за ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација одигра ужасни квалификации за Светското првенство и не оствари ниту една победа на шест натпревари, па така сега патот за Европското првенство е драстично отежнат.

Македонија ќе биде дел од претквалификациите и денеска се дозна дека ждрепката која ќе се одржи на 14-ти јули ќе биде полудиригирана, па така нашата најсилната селекција сега се најде во иста група со Словачка.

Словаците ќе бидат едни од нашите четири противника, а останатите два ќе ги дознаеме на извлекувањето во Минхен кое ќе се одржи за седум дена отсега.

Полудигираната ждрепка ќе биде надополнета со извлекување на останатите селекции, а останати два противници на Македонија во претквалификациите ќе биде некој од Австрија, Романија, Данска, Швајцарија, Норвешка или Кипар

Најдобра вест е што избегнуваме селекции како Хрватска и Полска, па со таа мисла ќе биде доста порастеретени во трите ФИБА прозорци кои се закажни за август и ноември оваа година, како и февруари наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни