Македонија ги добива новите чувари на македонското небо: Објавен Конкурсот за нови пилоти

Piloti

Министерството за Одбрана го објави новиот конкурс за обука на пилоти, што по 18 месеци тренинзи, 180 часови летање и 350 часови теоретска настава ќе се здобијат со титулата – пилот.

Како што информираат од страна на Министерството за одбрана, постоела голема заинтересираност за овие обуки. Тоа се потврдува и со бројката на пријавени кандидати за отворениот ден организиран од страна на Центарот за обука на пилоти. Како и секоја година, така и оваа година вратите се отворени за сите потенцијални кадети кои ќе дојдат на 4 ноември (САБОТА) со почеток од 11.00 часот. Обезбеден е и бесплатен превоз во 10.00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Кандидатите што успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за пилоти. Право на учество имаат сите граѓани на Македонија не постари од 28 години, физички и психички здрави, со завршено високо образование со вкупно 180 ЕКТС кредити. Центарот за обука на пилоти ќе ги одбере најдобрите кандидати во кои 18 месеци ќе вложува интензивно за нивно стручно оспособување и усовршување за пилоти по родот авијација.

Селекцијата на кандидати се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во десет летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на англискиот јазик за да ги следат обуките за усовршување и оспособување за идни пилоти.

Центарот за обука на пилоти спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хеликоптери која е функционална во текот на целата година со која се лета преку 11 делегирани зони, а навигациски летови се одвиваат на територијата на цела Македонија. Покрај тоа, центарот е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

Пријавување за отворен ден на следниот линк: СТАНИ ПИЛОТ

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: КОНКУРС ЗА ВОЕНИ ПИЛОТИ

Facebook Коментари