Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија е носител во ждрепката за претквалификациите за СП

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација утре ќе ги дознае ривалите за претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, ждрепка во која националниот тим ќе влезе како носител заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска.

Ние сме во првата група што значи дека овие горонаведени селекции нема да можат да ни бидат противници, поточно како можни ривали ни се Романија, Данска, Австрија и Швајцарија од вториот и Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка од третиот шешир.

Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две селекции од секоја од четирите групи. Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11. до 28.август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни