Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија е 28. кошаркарска сила во Европа

Објавено

на

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави најновата листа, рангирање на сениорските национални тимови.

Македонија е 28. кошаркарска сила во Европа, односно со вкупно 195.3 освоени поени сме едно место подолу во однос на претходното рангирање на ФИБА. Кога пак е во прашање вкупниот светски поредок, ние го заземаме 53. место.

Нашите противници во второто претквалификациско коло за Евробаскетот 2025, селекцијата на Данска е на 32.место на листата (179.7 поени), Словачка е 35, а Норвешка на позицијата број 39.

Кога се во прашање пак водечките места, број еден и понатаму се САД пред Шпанија и репрезентацијата на Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни