Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија е 24. ракометна сила во светот, Данска е број 1

Објавено

на

Пред некое време заврши 28. Светско ракометно првенство на кое до пехарот дојде селекцијата на Данска која на овој начин ја продолжии доминацијата на мундијалите.

Токму поради ова не изненадува што оваа скандинавска селекција е на позицијата број еден на листата која ја објави специјализираната интернет страница „HandballRanking“.

Со вкупно 2142.9 поени тие се најмоќна ракометна сила пред Шпанија, Франција, Норвешка и Шведска која ја заокружува првата петка.

Кога е во прашање нашиот национален тим, македонскиот ракомет тој е на позицијата број 24 со освоени 1436.5 бодови.

Севкупно пред нас се уште Германија, Египет, Хрватска, Србија, Словенија, Исланд, Унгарија, Португалија, Русија, Бразил, Катар, Белорусија, Полска, Аргентина, Холандија, Чешка, Тунис и Бахреин.

Сепак мора да се напомене дека ова е неофицијална ранг-листа затоа што ЕХФ, ниту ИХФ не се занимаваат со ранкинг на своите членки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни