Светски првенства
Македонија доцна се разбуди против Украина и стави крај на кошмарниот квалификациски циклус

Подмладената македонска кошаркарска репрезентација ќе мора сериозно да работи и напредува во наредниот период, бидејќи лошиот квалификациски циклус за Светско првенство го завршивме со нов пораз, шести на шест натпревари.
Македонија беше однапред отпишана против Шпанија пред неколку дена и високиот пораз не беше изненадување, но сепак потајно сите се надеваа дека избраниците на Бајиќ ќе ја запишат првата победа денеска против Украина на домашен терен во „Борис Трајковски“.
Наместо тоа, „црвено-жолтите“ претрпеа нов пораз, па на тој начин за заокружува навистина неповолниот квалификациски циклус кој јасно става до знаење дека пред стручниот штаб и тимот е сериозна работа.
Кошаркарките на Бајиќ имаа ужасно влегување во мечот со Украина, па иако на крајот се разбудија, враќањето беше задоцнето и претрпевме пораз од 68:73.
Негативата од 21:35 по првата четвртина беше јасен сигнал дека не чека ново кошаркарско разочарување, па иако во вториот и третиот дел се поправивме и ги добивме тие периоди со 16:12 и 16:10, сепак не успеавме целосно да се вратиме во клучниот период. Украинците одолеаја и се изборија за трета победа во овој квалификациски циклус, втора над нас.
Младиот Андреј Јакимовски со 17 поени и 9 скокови беше најдобар во нашиот тим, 15 поени реализираше капитенот Стојановски, а 13 Бојан Крстевски. Во победничкиот табор, најдобар беше Свијатослав Михаилиук со 24 поени.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 17 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците