Поврзете се со нас

Олимписки игри

Македонија доби уште еден олимпиец: Шерифовски ќе не претставува во џудо во Париз

Објавено

на

Македонија доби уште еден претставник на престојните Летни Олимписки Игри во Париз, а тоа е џудистот Еди Шерифовски.

Шерифовски добива можност да застане и биде активен на најголемата спортска сцена по одлуката која ја донеле меѓународниот олимписки комитет и меѓународната џудо федерација, одлука заснована на постигнатите резултати и постоечките правила.

-Македонскиот олимписки комитет беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.

-Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо. Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.
Силно веруваме дека Еди ќе го пружи своето најдобро во Париз и дека заедно со својот тренер Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри, -порачаа од МОК.

Место во олимпискиот тим на Македонија имаат обезбедено и Дарио Ивановски, Милијана Рељиќ, Анастасија Мојсовска и Владимир Егоров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни