Репрезентација
Македонија до 21 незаслужено поразена од Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 21 година беше незаслужено поразена од соодветната селекција на Словачка во мечот што го одлучуваше победникот на меѓународниот контролен турнир “Анталија Куп 2023”.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски може да жалат за минималниот пораз од 1:0, со оглед на подобрата наша игра во текот на сите 90. минути и неколкуте одлични можности за постигнување погодок. Покрај доминацијата на теренот и одличната игра, нашите млади фудбалери беа и оштетени, не беа досудени два чисти пенали во наша полза.
Единствениот погодок на денешната средба беше дело на Веселовски во 66. минута од средбата.
Во првиот дел, судијата не досуди чист прекршок над Димитар Тодоровски во казнениот простор на противникот при резултат 0:0.
Во вториот дел, Христијан Малески се најде во добра можност, но беше недозволено повлечен со рака од противничкиот играч. Уште една ситуација во која не беше досуден чист пенал над Македонија.
Младата репрезентација на Македонија на овој натпревар пропушти и неколку извонредни можности за постогнување гол преку Калкан, Крстевски, Ангелов.
Македонија: Димитриевски, Деспотовски, Фетаи, Стојчевски, Фета, Николов, Рамадани, Тодоровски, Калкан, Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски;
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 9 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)