Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија без Столе патува за Алборг, Лазаров утре ќе донесе конечна одлука за реваншот со Данска

Објавено

на

Македонската ракомента репрезентација ова попладне со чартер лет ќе отпатува за Данска, а селекторот и капитен Кирил Лазаров со само една принудна промена во ростерот ќе го подготвува дуелот со светскиот шампион.

Македонските ракометари направија огромен подвиг и ја надиграа моќната Данска пред два дена во Скопје, па јасно е дека светските и олимписки прваци утре ќе бидат максимално мотивирани за реванш на средбата која се игра во Алборг, а на која Лазаров единствено не може да смета на Столе Стоилов.

Капитенот на Вардар се повреди во пределот на грбот и беше ослободен по направените тестирања, па факт е дека неговото отсуство е голема загуба со оглед на максималното залагање во секој дуел, но и играта со двајца пикери на првиот меч.

Во списокот, нема никакви изненадувања и се најдоа и петте играчи кои не добија шанса на првиот меч во Скопје, па дел од ескпедицијата се и Серафимов, Крстевски, Кизиќ, Ѓорговски и Аларов, кој се очекува да добие шанса откако отпадна Столе. Сепак, конечната одлука на Лазаров се очекува утре непосредно пред натпреварот, кога ќе се знае кои 16 ракометари ќе бидат во комбинација за настап на теренот.

Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ

Крила: Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов

Бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески, Емилијан Ѓорговски, Михајло Младеновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни