Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија без Манасков против Швајцарија!

Објавено

на

Македонија утре од 18:30 часот го игра вториот меч од квалификациите за Европското првенство и тоа против репрезентацијата на Швајцарција, дуел на кој нашиот селектор Даниело Брестовац нема да може да смета на еден од најдобрите играчи Дејан Манасков.

Левото крило не отпатува во Швајцарија, поточно остана во Скопје поради технички причини. Имено Манасков остана во нашата престолнина поради неможноста во Швајцарија на време да направи тест на Ковид-19 со кој потоа би можел да се врати веднаш во Унгарија.

Унгарците имаат строги прописи за влез во земјата, па ако Манасков нема валидет тест ќе мора да замине во карантин што секако не е прифатливо во Веспрем. Поради тоа Дејан останува во Скопје каде ќе направи тест по што ако се биде како што треба ќе може да се врати во клубот за кој настапува.

Ова значи дека Бојан Маџовски ќе добие поголема улога од Брестовац и ќе мора целосно да ја покрие таа позиција на дуелот во Шафхаузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни