Репрезентација
Македонија атакува на нова победа, Ѓуроски порачува: Агресивната игра во одбрана ќе биде клучот

Македонија оствари клучна победа на домашен терен над Норвешка и продолжи со максимален ефект во својата група, но вечерва избранциите на Јончевски имаат нова задача и целта е да се продолжи славеничкото расположение со нов триумф над Данска.
Нашиот тим максимално ја неутрализираше Норвешка во напаѓачки план и со меч со малку поени оствари убедлива победа, а одбраната се очекува да биде на висина на задачата и вечерва во Гевгелија.
Стојан Ѓуроски како еден од најактивните и најдобрите во нашиот тим смета дека мечот со Норвешка е добар патоказ за тоа како треба тимот да се однесува на теренот, пред се во дефанзивните задачи кои смета дека ќе бидат одлучувачки за нова победа.
– Селекцијата на Данска е доста силна и доста е агресивна. Во таа насока гледано, ние ќе мора да им парираме со агресивна игра во одбраната.
– Се надевам дека исто како и на претходниот натпревар, оној со Норвешка, салата во Гевгелија ќе биде преполна, затоа што таа нивна поддршка ни значи премногу, особено во тешките моменти, кога работите не одат како што треба, – вели Ѓуроски.
-
Балканпред 22 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 18 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…