Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонецот во одбрано друштво: Столе пред Донарума во голманската статистика на ЕП (Фото)

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума беше избран за играч на турнирот од страна на УЕФА по крајот на Европското првенство, признание кое доаѓа за младиот италијански голман во ситуација кога ќе направи голем трансфер на клупски план.

Џиџио во новата сезона ќе го гледаме во редовите на ПСЖ и на континенталниот собир ја покажа цела своја класа како чувар на мрежата, но иако заслужено беше избран за најдобар, интересно е да се напомене дека нашиот Столе Димитриевски е подобар од него во една статистичка категорија.

Македонскиот голман беше избран за еден од најдобрите играчи меѓу оние кои Европското го завршија уште во групната фаза, па иако одигра само три натпревари, Столе до крајот остана еден од голманите со најмногу одбрани.

Всушност, Столе е на делбата на седмото место како голман со најмногу одбрани, а во негово друштво со 14 интеревенции се Куртоа, Храдецки и Вачлик.

Донарума не е меѓу првите 10, а пред Димитриевски се само Бушан, Пикфорд, Чакир, Шмајхел, Ворд и Зомер кој е на врвот со 21 успешна одбрана како чувар на голот на Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни