Поврзете се со нас

Свет

Македонецот во елемент: Јакимовски „пукаше“ тројки во новата победа на Вашингтон Стејт (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата када рано утрово беше забележана четвртата победа во низа.

Нова жртва на популарните „кугарс“ беше Орегон Стејт кој беше совладан со резултат 64:58. Првото полувреме беше поизрамнето и Вашингтон го доби со само еден разлика (27:26), додека вториот дел мина во знакот на Андреј и компанија за потврда на 17 триумф во 23 натпревар.

Еден од најдобрите на теренот беше токму македонскиот репрезентативец кој „решеташе“ од далечина, погоди пет тројки од девет обиди за вкупно 15 поени на кои додаде уште 2 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка. Поефикасен од него беше само Велс со 24 кошеви, играч кој исто беше снајперски расположен со оглед на тоа што даде шест тројки.

И во следното коло ривал на Вашингтон ќе биде Орегон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни