Балкан
Македонецот со прва кандидатура за гол на сезоната: Ристовски режираше мајсторија на „Максимир“ (Видео)
Стефан Ристовски е во голгетерска форма на стартот на новата натпреварувачка сезона, бидејќи откако беше спасител за Динамо на гостувањето кај Осијек со гол во 96-та минута, денеска повторно се запиша во листата на стрелците.
Поранешниот македонски капитен очигледно имал извонредни летни подготовки и се наоѓа во врвна форма во месец август, за што доказ е и денешниот мајсторски гол против Шибеник.
Десниот бек го отвори резултатот уште во 6-та минута, а според многумина експерти во Хрватска, ова е прв кандидат за гол на годината во ХНЛ лигата.
Причина за тоа е извонредната акција која ја изработија играчите на Динамо, но и спектакуларната завршница на Ристовски со удар од дистанца.
Погодокот на Стефан значително ја олесни работата за Динамо во првото полувреме, бидејќи набрзо по првиот гол, притигна и втор од Шпикиќ за водство од 2:0.
STEFAN RISTOVSKI WITH A GOAL OF THE SEASON SO FAR MAKES IT 1-0 FOR DINAMO!
After recieving a pass from Petković who got the assist, Ristovski fires the ball into the top left corner and scores his 2nd goal of the season, 2 in last 2. 🚨pic.twitter.com/0vFyMyUI9T
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) August 16, 2024
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 11 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………