Поврзете се со нас

Англија

Македонецот се сели во Англија: Чурлинов ќе игра под водство на Компани

Објавено

на

Дарко Чурлинов дефинитивно ја менува клупската средина и во актуелнава сезона ќе го гледаме во Англија.

Ова е последната вест која доаѓа и која вели дека нашиот репрезентативец ги минал задолжителните прегледи и го потпишал договорот со Барнли. Тоа е тим кој минатата сезона испадна од Премиер лигата и годинава ќе настапува во Чемпионшип со желба, цел експресно да се врати во елитната конкуренција.

Барнли е тим кој направи доста промени, а истите се водени од белгиската легенда и икона на Манчестер Сити, Венсан Компанија кој сега е менаџер на составот од Турф Мур.

Трансферот ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра со бонуси, догововорот според информациите ќе биде до 2026 година. Сега се очекува само официјална потврда на оваа зделка меѓу Штутгарт и Барнли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни