Македонецот продолжува да ги тресе мрежите во Холандија: Ашковски донесе победа за Фортуна Ситард (Видео)

askovski slavi

Македонскиот интернационалец, Стефан Ашковски донесе победа за Фортуна Ситард во втората холандска фудбалска лига.

Ашковски потврди оти е во одлична форма и во 81 минута стрелаше за победа на својот тим од 2-1 на гостувањето кај ФЦ Ос. Ова за Стефан беше 12 сезонски погодок со кој и овозможи на Фортуна и понатаму да биде во игра за директен пласман во елитата.

Ситард по 30 кола е на третата позиција со 56 бода, четири помалку од Нец и пет од Јонг Ајакс.

Facebook Коментари