Поврзете се со нас

Балкан

Македонецот Мирковски назначен за нов тренер на Војводина

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kumanovokk

Македонскиот кошаркарски стратег, Владимир Мирковски е назначен за нов предводник на српскиот прволигаш Војводина.

Клубот од Нови Сад одлучи да се раздели со досегашниот предводник Милош Исаков Ковачевиќ кој има здравствени проблеми, односно не може да ја извршува функцијата како што се бара и очекува, па управата пресече и ја заврши соработката.

Испразнетото место ќе го пополни Мирковски, некогашниот тренер на Куманово, стручњак кој долго време присутен на нашата сцена и сега ќе има можност да се покажа и во амбициозната Војводина.

Прв човек на Војводина е Жељко Ребрача со кого Владимир е во одлични односи и останува сега да ја оправда довербата.

Дебито ќе биде пеколно за Македонецот затоа што ќе биде против Партизан на Жељко Обрадовиќ во рамките на Купот на Србија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни