Поврзете се со нас

Италија

Македонецот Кировски доби функција во Милан

Објавено

на

Милан почнува нова ера во која значајна улога ќе има легендарниот Златан Ибрахимовиќ, а токму Швеѓанецот обелодени, потврди дека функција во клубот ќе има нашиот Јован Кировски.

Кировски е роден во Соединетите Американски Држави, но неговите родители се Македонци. Јован во иднина ќе биде задолжен за академијата на Милан како и „Милан Футуро“, вториот тим кој пак ќе го води Даниеле Бонера.

-Кировски ќе биде одговорен за Милан Футуро. Играше во многу клубови како професионален фудбалер, а доаѓа од САД. Тој работеше за ЛА Галакси, тој е профил на високо ниво за нас.

-Кировски ќе биде одговорен за растот на Академијата. Тој ќе биде задолжен за трансферите и ќе биде одговорен за Милан Футуро и другите младински тимови. Ни требаше некој со иста амбиција и визија како нас. Некој кој зборува ист јазик и има иста визија. Сакаме профили на високо ниво во секој оддел на клубот. Сакаме да бидеме најдобри и да дадеме се од себе, -порача Ибрахимовиќ.

Јован своевремено ја мина школата на Манчестер Јунајтед, а играше за Дортмунд, Спортинг, Кристал Палас, ЛА Галакси…а беше и американски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни