Поврзете се со нас

Свет

Македонецот е незадржлив: Миовски со два брзи гола му донесе победа на Абердин во Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски „лета“ во дресот на Абердин и со секој свој настап само дополнително си ја зголемува цената на трансфер пазарот.

Нашиот напаѓач попладнево одигра клучна улога во славјето на неговиот тим над Бонириг Роуз во Купот на Шкотска. Бојан испорача два брзи гола од 17 до 25 минута, погодоци што се покажаа доволни за славје на фаворитот од 2-0.

Миовски беше активен до 61 минута кога беше заменет од Данкан. Со денешната партија ѕвездата на Абердин дојде до 22 погодоци во натпреварувачката 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни