Поврзете се со нас

Свет

Македонецот дебитираше за Валенсија: Димитријевиќ најдобар асистент против Басконија

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ го имаше своето официјално деби во дресот на Валенсија и тоа на првенствениот меч против Басконија.

Во интересната пресметка која се одигра во „Ла Фонтета“ победија гостите со 72-67 и тоа откако завршниот период го решија во своја полза со 24-13 што беше доволно за пресврт и прво сезонско славје во АЦБ лигата.

Димитријевиќ доби шанса од клупата и за 21 минута на теренот даде 9 поени (4/4 за еден, 1/2 за два, 1/4 за три) со 3 скока и 6 асистенции со што беше најдобар поединец на средбата во оваа категорија.

Кога се во прашање пак стрелците победникот го имаше расположениот литвански репрезентативец Гиедраитис со 23 поени, додека пак кај Веленсија најмногу кошеви даде центарот Дубљевиќ (14).

Валенсија во второто коло се соочува со Манреса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни