Поврзете се со нас

Свет

Македонците сигурни пеналџии, Валјадолид преку голема драма до полуфиналето во Копа Дел Реј (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски ќе играат полуфинале во Копа Дел Реј и тоа откако со нивниот Валјадолид преку голема драма успеаа да излезат како победници од битката со Синфин.

Валјадолид го доби првото полувреме со 14-10, но во вториот дел противникот возврати (17-10) и се избори за дополнителни минути во оваа пресметка (27-27).

И во тоа дополнително време не се доби победник по што следуваше пенал серија во која нашите Димитриевски и Димитриоски беа успешни реализатори на ударите од седум метри, серија која беше одлучена од голманот Перез кој го скроти ударот на Алонсо.

На крајот Валјадолид славеше со вкупни 37-36, поточно закажа полуфинале со Ла Риоха.

Кога се во прашање стрелците Димитриевски беше автор на четири, а Димитриоски на два гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни