Поврзете се со нас

Олимписки игри

Македа го исполни ветувањето, Душебаев ја откри „жртвата“ за медалот (Фото)

Објавено

на

Шпанската ракометна репрезентација денеска го обезбеди бронзениот медал на Олимписките игри во Токио, а Хорхе Македа експресно го исполни своето ветување.

Поранешниот ракометар на Вардар најави дека ќе го елиминира репчето на косата ако Шпанија стигне до медал на Олимпијадата, а неговите колеги од националниот тим не дозволија да биде заборавено тоа ветување.

Македа веднаш интервенирал и барем привремено го промени имиџот, нешто што преку социјалните мрежи го потврди Алекс Душебаев.

Шпанија го освои третото место на ракометниот турнир, со победата над Египет со резултат 33:31.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни