Германија
Макај за актуелна ѕвезда на Баерн: Дали ви се верува дека го добија бесплатно?
Фановите на Баерн Минхен го паметат Рој Макај како одличен напаѓач кој постигна многу голови за германскиот тим меѓу 2003 и 2007 година, а во своето интервју за „Кикер“, Холанѓанецот не штеди комплименти за играчот кој настапува на неговата позиција во моментов.
Секако, се работи за Роберт Левандовски, кој со своите голови го предводи Баерн последните сезони.
– Се работи за комплетен играч, еден од најдобрите напаѓачи во светот. Секоја година постигнува најмалку 30 голови и работи напорно за другите во тимот.
– Нема што многу да се коментира, погледнете ја само статистиката и бројот на голови кои ги постигнал. Дали ви се верува дека Баерн го доби бесплатно? – прашува Макај кој не крие дека е воодушевен од Левандовски.
Полјакот дојде без отштета од редовите на ривалот Борусија Дортмунд и веќе има 231 гол во дресот на Баерн.
-
Англија16 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет23 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
АБА лига21 час
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Италија23 часа
Ибрахимовиќ: Хименес не е играч кој постигнува само голови