Поврзете се со нас

Евролига

Макаби ја прекина серијата на Асвел, Фенербахче го понижи Уникс

Објавено

на

Француски Асвел загуби пред своите навивачи од Макаби (85:93) и не успеа да го задржи перфектниот скор во кошаркарската Евролига.

Првиот пораз за Асвел дојде по натпреварот на кој израелскиот претставник доминираше и заслужено дојде до убедлива победа, а најефикасни кај Макаби биле Нанали со 25 и Рејнолдс со 17 поени.

Фенербахче го порази Уникс Казан со преубедливи 80:41, а катастрофата на гостите беше најавена уште по првото полувреме во кое тимот на Велимир Перасовиќ постигна само 22 поени. Вториот дел донесе уште послаб ефект за рускиот тим, а кај победникот најдобри реализатори биле Шајок со 17 и Букер со 16 поени.

Басконија славеше на гостувањето кај Алба со 76:80, што за шпанскиот евролигаш е втора победа по ред во ова европско натпреварување.

Поразен беше и вториот германски претставник Баерн, кој гостуваше кај Зенит на натпревар кој заврши со резултат 79:71, а кој ја донесе и третата победа во четири натпревари за рускиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни