Макаби го реши Реал, Барселона шокирана во „Палау Блауграна“ (Видео)

makabi-real

Во најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент Евролигата вечерва беа на програмата четири натпревари од шестото коло кои донесоа интересни резултати.

Најголемото изненадување го направи составот на Анадолу Ефес кој дојде до првата сезонска победата и тоа во домот на Барселона. Турскиот претставник славеше во „Палау Блауграна“ со 89-85, а за тоа најзаслужна е тројката Ледо-Маккалум-Штимац која уфрли 64 кошеви.

Најрасположен за игра кај Барса беше Серафан со 19 поени.

Макаби Тел Авив во дербито на вечерва го доби Реал Мадрид со 90-83. Пет домашни играчи беа двоцифрени, а најдобар од нив беше Томас со 21. На другата страна Дончиќ уфрли 19 кошеви со 6 скокови и 6 асистенции.

На останатите два дуели ЦСКА Москва беше подобра од Валенсија (94-67), додека Жалгирис како гостин го уби Армани Милано (94-62) на нашиот Џордан Теодор.

Теодор реализираше 11 кошеви со 2 асистенции.

Facebook Коментари