Поврзете се со нас

Англија

Мак Алистер: Оливер заврши одлична работа, но направи голема грешка на крајот

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Алексис Мак Алистер беше дел од најконтроверзниот момент на „Енфилд Роуд“, бидејќи тој беше играчот кој беше срушен од Жереми Доку во самата завршница од големото дерби во Премиер лигата.

Аргентинецот доби удар во пределот на градите и многумина сметаат дека Ливерпул беше оштетен за чист пенал, но последна беше одлуката на судиите кои проценија дека играчот на Сити прво играл со топката, а дури потоа го удрил Аргентинецот.

Јирген Клоп веднаш по крајот на дербито посочи дека судијата Мајкл Оливер направил голема грешка, меѓутоа за него, уште понесфалтива е пасивноста на луѓето во ВАР собата.

Коментар за спорниот момент даде и Мак Алистер, кој исто така смета дека Оливер за жал направил една и единствена грешка на дербито ,а тоа е моментот од 98-та минута.

– Зарем само јас мислам дека тоа е пенал? Тоа е чист пенал, но не смеам да кажам повеќе на таа тема. Судијата заврши одлична работа за време на дербито, но мислам дека направи голема грешка на крајот, – изјави Мак Алистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни