Поврзете се со нас

Италија

Мајсторски голови на Влаховиќ, Јувентус повторно му се „залепи“ на Интер (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Фудбалерите на Јувентус ја забележаа 15. сезонска победа во Серија A и тоа во соочувањето со Сасуоло кое го реализираа со 3-0.

Ова беше последниот натпревар од 20. рунда во калчото, а во истиот блескаше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој даде два мајсторски гола.

Првиот беше во 15 минута, а вториот во 37 кога погоди од слободен удар. Овој резултат беше активен до самиот финиш кога резервистот Киеза стави точка или поточно ги потврди трите бода.

„Бјанконерите“ имаа 49 бода или повторно му се „залепија“ на лидерот Интер кој има два повеќе на своето салдо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни