Поврзете се со нас

Свет

Мајсторска завршница на Миовски, Абердин се пласираше во 5.рунда на шкотскиот Куп (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Record_Sport

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски продолжи да ги матира противниците во дресот на Абердин, овојпат во рамките на шкотскиот Куп.

Прволигашот го оправда статусот на фаворит и славеше во соочувањето со Клајд со 2-0. Овој триумф беше најавен од нашиот напаѓач кој во 32 минута одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник, имаше мајсторска завршница со која ги воодушеви и коментаторите.

Во вториот дел Девлин погоди за 2-0 и пласман на Абердин во 5. рунда на ова натпреварување.

Следно за Бојан и колегите е дуелот со Сент Џонсон во шампионатот закажан за 24 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни