Мајсторска партија за крилото: „Седум од седум“ за Костески против Ферлах

nikola sutira

Поранешниот член на Металург и повремен македонски репрезентативец, Никола Костески одигра фантастичен меч за Линц во првата лига на Австрија.

Десното крило беше непогрешлив во пресметката со Ферлах (32-32) и даде седум голови од седум обиди со што беше втор стрелец на дуелот зад клупскиот колега Антонио Јуриќ. Домаќините водеа со 18-12 на полувреме, меѓутоа тој ритам не го задржаа во вториот дел, а тоа го искористија гостите и се изборија за реми и бод.

За Линц настапи и Горан Крстевски кој даде два гола од шест обиди, а забележа и три асистенции зад своето име. Третата рунда за Никола, Горан и компанија носи соочување со Кремс.

Facebook Коментари