АБА лига
„Мајсторката“ без драма: Партизан го преслуша Студентски Центар и се пласираше во полуфиналето

Партизан го компромитираше својот настап во полуфиналето на АБА лигата со шокантниот пораз кој го претрпе од Студентски Центар пред една седмица, а откако доста доло се мачеше и на гостувањето, вечерва конечно покажа дека е за класа подобар тим од ривалот.
„Црно-белите“ израмнија на 1:1 со 79:81 и се изборија за „мајсторка“, на која денеска не му дадоа никаква шанса на противникот и остварија висока победа од речиси 30 поени разлика.
Момците на Жељко Обрадовиќ славеа со 112:83 и го заверија својот пласман меѓу четирите најдбори во регионалното натпреварување, а оправдувањето на фаворитската улога им носи полуфинале со Цедевита Олимпија.
Нанали и Ледеј беа лидери во денешниот триуф на белградскиот великан со 17 и 14 поени, а одлични беа и Лесор и Мадар со 13 и 12 поени.
Во второто полуфинале, силите ги одмеруваат Црвена Звезда и Будуќност, каде големиот фаворит во „црвено-бело“ веќе води со 1:0.
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 13 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 8 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Германијапред 10 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Шпанијапред 6 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 4 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)