Шпанија
Мајсторијата на Винисиус изгледа уште подобро снимена од трибината на „Бернабеу“ (Видео)

Реал Мадрид си ја одработи својата задача на домашен терен и оствари победа над Рајо Валјекано во малото градско дерби, натпревар на кој најрасположен играч во редовите на „кралскиот клуб“ беше Винисиус Жуниор.
Бразилецот беше навистина загреан и претставуваше константна опасност за дефанзивците на Рајо, кои едноставно излегоа и смешни во акцијата во која Вини постигна гол.
Крилниот напаѓач изгледаше предоминантно во дадената ситуација и дури во два наврати се одлучи за соло-акција, а во вториот обид беше неверојатно успешен.
Мајсторијата на Винисиус ги крена на нозе сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“, но еден фан долови како изгледала неговата мајсторија видена од трибините.
Соло-бравурата на Вини навистина изгледа уште подобро снимена од аголот во кој ги изведуваше минијатурите, па видеото стана достапно за сите благодарение на социјалните мрежи.
Vinicius Jr’s goal is even better from the stands . pic.twitter.com/quJ9yBNvGf
— KM (@Kylian) March 9, 2025
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…