Поврзете се со нас

Свет

Мајсторијата на Меси недоволна за Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/InterMiamiCF

Интер Мајами останува прв во МЛС лигата, но сега има сериозна шанса да биде престигнат од Синсинати, откако рано утрово загуби на домашен терен од ривал кој е во долниот дел од табелата.

Атланта направи изненадување и победи со 1:3 на гостувањето во Мајами, а на фаворитот не му помогна ниту фактот што најголемата ѕвезда се врати во стартната постава.

Откако беше одморен на претходниот меч против Ванкувер, Меси утрово ги одигра сите 90 минути против Атланта, па иако ги почести фановите и со една фудбалска мајсторија, сепак тоа беше недоволно за да се избегне пораз.

Капитенот на Интер Мајами постига сличен гол како оној против Мексико на Светското првенство, а одмерениот удар од дистанца значеше дека домашниот тим намалуван а 1:2.

Во 62-та минута се доби впечаток дека Интер Мајами може да се врати и да брка пресврт, но така не мислеше Тиаре кој ги постави конечните 1:3 десет минути подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни