Поврзете се со нас

Германија

Мајсторија за победа: Србинот Пантовиќ даде уште еден гол од половина терен во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Бохум ова попладне дојде до петтата сезонска победа во Бундеслигата и тоа против Фрајбург кого го совлада со резултат од 2-1.

Голот за триумф вреден три бода падна во завршницата и истиот беше дела на Милош Пантовиќ кој успеа да погоди од скоро половина терен. Милош ја искористи конфузијата во таборот на гостите, лошата проценка на голманот Флекен и на мајстоски начин ја погоди мрежата за ерупција на домашните фанови.


Инаку ова е втор гол на Србинот од огромна далечина во оваа сезона, претходно стрелаше против Хофенхајм од уште подалеку од 62 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни