Поврзете се со нас

Англија

Мајсторија со која донесе бод: Подзаборавениот Хадсон-Одои даде атрактивен гол на дебито за „шумарите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/StatmanDave

Екипите на Нотингем Форест и Барнли одиграа без победник 1-1 во последната средба од 5. коло од англиската Премиер лига.

Двете екипи добија по едно полувреме, па така првиот дел им припадна на гостите со голот кој го постигна Амдуни во 41 минута.

Вторите 45 минути им припаднаа на домаќините кои се изборија за бод преку атрактивниот гол на летното засилување, Калум Хадсон Одои.

Подзаборавениот Хадсон Одои мајсторски реализираше во 65 минута за ерупција на „Сити Граунд“.

„Шумарите“ имаат 7 бода, а ова за Барнли беше прв поен во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни